Подесување на хоризонталниот агол на закосување
Поставување на хоризонтални стандардни агли на закосување (види слика J)
За брзо и прецизно подесување на често користени хоризонтални агли на закосување на масата за пила има жлебови (22):
лево | десно |
---|---|
0° | |
45°; 30°; 22,5°; 15° | 15°; 22,5°; 30°; 45° |
- Отпуштете го копчето за фиксирање (18), доколку е затегнато.
- Повлечете го лостот (19) и свртете ја масата за пила (14) до саканиот жлеб на левата или десната страна.
- Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се вклопи во жлебот.
- Повторно затегнете го копчето за фиксирање (18).
Поставување на саканите хоризонтални агли на закосување (види слика K)
Хоризонталниот агол на закосување може да се поставува во опсег од 48° (на левата страна) до 48° (на десната страна).
- Отпуштете го копчето за фиксирање (18), доколку е затегнато.
- Повлечете ја рачката (19) и истовремено притиснете ја стегата за фиксирање (17), додека таа не се вклопи во жлебот предвиден за таа намена. Притоа, масата за пила ќе биде слободно подвижна.
- Вртете ја масата за пила (14) со држачот налево или надесно додека агломерот (58) не го покаже саканиот хоризонтален агол на закосување.
- Повторно затегнете го копчето за фиксирање (18).
- За повторно да ја олабавите рачката (19) (за поставување на хоризонтални стандардни агли на закосување), повлечете ја рачката нагоре.
Стегата за фиксирање (17) скокнува назад во првобитната позиција и рачката (19) може повторно да се вклопи во жлебовите (22).