Подесување на длабочината на глодање (види слики E–F)
- Подесувањето на длабочината на глодање смее да се врши само доколку електричниот алат е исклучен.
За подесување на длабочината на глодање постапете на следниот начин:
- Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го на делот што се обработува.
- Отворете ја затезната рачка (10), ако е затворена (➊).
- Порамнете го реброто (47) во корпата за глодање (2) со каналот за прилагодување на длабочината (48) и симболот за отклучување (➋). Турнете ја корпата за глодање (2), додека не се достигне саканата длабочина на сечење.
- Свртете ја корпата за глодање (2), додека реброто не се израмни (47) со симболот за заклучување , за да се изврши финото прилагодување на длабочината (➌).
- Подесете ја саканата длабочина на глодање прецизно со копчето за подесување (4) (➍).
- Затворете ја затезната рачка (10) (➎).