Полуавтоматско чистење на филтерот (види слика I)
Подоцна, откако јачината на всисување ќе се намали, филтерот мора да се исчисти.
Колку често треба да се чисти филтерот зависи од видот и количината на правта. Со редовна употреба, максималниот капацитет подолго се задржува.
При полуавтоматското чистење на филтерот (SFC+) со промена на струењето на воздухот ќе се исчисти насобраната прашина од ламелите на набраниот филтер.
Доколку набраниот филтер е извалкан на површината, тој сепак е целосно функционален. Рачно чистење на набраниот филтер со тропање или издувување не е потребно и може да го оштети филтерот.
Напомена: Полуавтоматското чистење на филтерот е фабрички активирано (SFC+ прекинувач (18) во позиција I).
- Активирање на SFC+ чистење на филтерот
Со дланката затворете ги отворите на млазниците или отворот за всисување.
или при монтиран SFC+-модул(20):
Држете го активаторот (33) притиснат надолу околу 10 секунди. - Деактивирање на SFC+
Притиснете го SFC+-прекинувачот (18) нанапред (позиција 0). - Активирање на SFC+
Притиснете го SFC+-прекинувачот (18) наназад (позиција I).