Складирање и транспорт (види слика L)
- Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел (13).
- Прикачете ја опремата на соодветните држачи: цевката за всисување (29) во држачите (15), млазницата за фуги (25) во држачот (16), подната млазница (28) во држачот (17).
- Отворете ги еластичните ленти на држачот на цревото за всисување (4) и поставете го цревото за всисување (21) на горниот дел на всисувачот во држачот (4).
Повторно закачете ги еластичните ленти. - Прикачете го L-BOXX на држачите (7).
- Извадете ја полната вреќичка со отпад одн. прав или испразнете ги насобраните течности пред транспортот на всисувачот, за да избегнете болки во грбот.
Носете го всисувачот само за рачката за носење (6). - Складирајте го всисувачот во сува просторија и заштитете го од неовластено користење.
- За да ги фиксирате тркалцата (12) притиснете ја кочницата на тркалцата (11).