Ознаки

Следните ознаки се од големо значење за користењето на Вашиот всисувач. Запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите всисувачот.

Ознаки и нивно значење

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Всисувач од класата на всисување L според IEC/EN 60335‑2‑69 за всисување на суви материи од штетни прашини со гранична вредност на изложеност > 1 mg/m³

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот и внимателно вметнат филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје.

Прикачување на максимум една L‑BOXX.

Тежината на L‑BOXX заедно со содржината не смее да изнесува над 15 kg.

Не го закачувајте всисувачот, на пр. при транспорт, на кука од кран. Всисувачот не е погоден за транспорт со кран. Постои опасност од повреда и оштетување.

Не го користете всисувачот како предмет за седење, спроводник и не стапнувајте на него. Инаку всисувачот може да се преврти и оштети. Постои опасност од повреда.

Старт/Стоп-автоматика
Всисување на наталожена прав од електрични алати кои работат
Всисувачот автоматски се вклучува и одложено се исклучува

Исклучување

Всисување
Всисување на наталожена прав

SFC+

Полуавтоматско чистење на филтер (SFC+ = Semi-Automatic Filter Cleaning Plus)

Податоци за дозволената јачина на приклучување на приклучениот електричен алат (во зависност од земјата)