Замена на окцето за прав (види слики E)
Во зависност од главата за дупчење и дијаметарот на дупчење мора да се замени окцето за прав:
- Окце за прав (1) за SDS plus-заменлива глава за дупчење и дијаметар на дупчење 4–16 mm
- Окце за прав (2) за SDS plus-фиксна глава за дупчење и дијаметар на дупчење 4–16 mm
Дополнително, мора да го замените окцето за прав, ако на површината за поставување на ѕидот има значителни траги од абење и на тој начин при всисување не се чисти правта со четката за всисување.
Вадење на окцето за прав:
- Притиснете го копчето за заклучување (12) и извлечете го окцето за прав нагоре од држачот.
Монтирање на окцето за прав:
- Вметнете го новото окце за прав од горе во држачот, додека не слушнете да се вклопи копчето за заклучување (12).