Одржување и чистење
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Чистење
Отстранете ја правта и струготините со издувување со компресиран воздух или со четка по секоја работна постапка.
Мерки за намалување на бучавата
Мерки на производителот:
- Фин старт
- Испорака со сечило за пила специјално развиено за намалување на бучавата
Мерки на корисникот:
- Монтажа без многу вибрации на стабилна работна површина
- Примена на сечила за пила со функција на намалување на бучавата
- Редовно чистење на сечилото за пила и електричниот алат