Зголемување на масата за сечење
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Проширување за масата за сечење (види слика A)
Проширување за масата за сечење (6) ја проширува масата за сечење (21) кон десно.
- Повлечете ја затезната дршка (13) за проширувањето на масата за сечење целосно нагоре.
- Извлечете го нанадвор проширувањето на масата за сечење (6) до саканата должина.
- Притиснете ја затезната дршка (13) надолу. Со тоа се фиксира проширувањето на масата за сечење.