Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
Прекинувачот за вклучување-исклучување е таканаречен прекинувач за нулта напон, кој спречува рестартирање на електричниот алат по прекин на струја (на пр. извлекување на струјниот кабел за време на работата).
За да може повторно да го користите електричниот алат, одново притиснете на зеленото копче за вклучување (57).
За заштита од неовластено работење, можете да го заклучите сигурносниот поклопец на прекинувачот за вклучување-исклучување (16) со помош на катанец.
- Турнете го контролното прозорче (58) наогре и полека притиснете на сигурносниот поклопец.
- Затворете ги двете окциња на контролното прозорче и окцето на основната плоча на прекинувачот за вклучување-исклучување заедно со катанец.