Замена на сечилото за пила (види слики l1−l4)
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- При ставањето на листот на пилата носете заштитни ракавици. Постои опасност од повреда.
- Употребувајте само сечила за пила, чија максимално дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат.
- Користете само листови на пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за користење и на електричниот алат или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
- Користете само сечила за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен алат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Со тоа ќе избегнете прегревање на запците на сечилото и топење на материјалот што се обработува.
- Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите листови на пила може лесно да се скршат.
- Отворете го затезниот лост (37) и извадете го заштитниот поклопец (3) од жлебот на клинот за разделување (4).
- Свртете ја завртката за блокирање (36) со шилецот на прстенестиот клуч (9) сѐ до граничникот во правецот на вртење „Заклучено“ и подигнете го додатокот на масата (23) од отворот за алатот. За полесно да го подигнете служи дупката од решетката (46).
- Свртете ја курблата (15) во правец на стрелките на часовникот до граничникот, така што сечилото на пила (24) ќе се наоѓа во највисоката можна позиција над масата за сечење.
- Завртете ја затезната навртка (47) со прстенестиот клуч (9) и истовремено затегнете го лостот за блокада на вретеното (48) додека не се вклопи.
- Држете го стегнат лостот за блокада на вретеното и завртете ја затегнувачката навртка во правец спротивен на стрелките на часовникот.
- Извадете ја стезната прирабница (49).
- Извадете го сечилото за пила (24).
- Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
- Ставете ново сечило за пила на приклучната прирабница (50) на вретеното на алатот (51).
Напомена: Не користете премали сечила за пила. Радијалниот процеп помеѓу сечилото за пила и клинот за расцепување смее да биде максимално 3 − 8 mm.
- При монтажата, внимавајте правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото на пилата) да се совпаѓа со правецот на стрелката на клинот за разделување!
- Поставете ги стезната прирабница (49) и затезната навртка (47).
- Завртете ја затезната навртка (47) со прстенестиот клуч (9) и истовремено затегнете го лостот за блокада на вретеното (48) додека не се вклопи.
- Затегнете ја затегнувачката навртка во правец на стрелките на часовникот.
- Поставете го додатокот за маса (23) над клинот за расцепување (4) во отворот за алатот. Свртете ги завртките за блокирање (36) со шилецот на прстенестиот клуч (9) сѐ до граничникот во правецот на вртење „Заклучено“.
- Повторно монтирајте го заштитниот поклопец (3).