Всисување на влажни материи
- Со всисувачот не всисувајте запаливи или експлозивни течности, на пр. бензин, масло, алкохол, средства за растворање. Не всисувајте жешка, запалива или експлозивна прав. Не го користете всисувачот во простории каде постои опасност од експлозија. Правта, пареата или течностите може да се запалат или да експлодираат.
- Всисувачот не смее да се користи како водена пумпа. Всисувачот е наменет за всисување на мешавини од воздух и вода.
Работни чекори пред всисување на влажни материи
- По потреба отстранете ја кесата за прав (11) и испразнете го садот (9).
Напомена: За полесно отстранување, при всисување на мешавина од вода и цврсти материјали, користете водена филтер вреќичка (опрема), која ќе ја одвои водата од цврстите материјали.
Всисување на течности
- За да го вклучите всисувачот, прекинувачот за избирање режим на работа (4) поставете го на ознаката „On“.
- Всисувачот е опремен со сензори за ниво на наполнетост (14). Доколку се достигне максималното ниво на наполнетост, всисувачот се исклучува.
Прекинувачот за избирање режим на работа (4) поставете го на „Off“.
Напомена: При всисување на неспроводливи материјали (на пр. емулзија настаната при дупчење)всисувачот нема да се исклучи и при полн контејнер. Состојбата на наполнетост мора постојано да се проверува и контејнерот навреме да се празни.
- За да го исклучите всисувачот, прекинувачот за избирање режим на работа (4) поставете го на ознаката „Off“.
- Испразнете го садот (9).
За да се избегне создавање на мувла по всисување на влажни материи:
- Извадете го набраниот филтер (12) и оставете го добро да се исуши.
- Извадете го горниот дел на всисувачот (3) и оставете го добро да се исуши.