Менување/вметнување на кесата за прав (види слика A)
- Отворете ги затворачите (10) и извадете го горниот дел на всисувачот (3).
- Извлечете ја полната ќеса за прав (11) наназад од приклучната прирабница. Затворете го отворот на ќесата за прав со затворање на капакот. Извадете ја затворената кеса за прав од всисувачот.
- Наместете ја новата кеса за прав (11) на приклучната прирабница на всисувачот. Проверете дали кесата за прав (11) по целата должина налегнува на внатрешниот ѕид од садот (9). Ставете го горниот дел на всисувачот (3).
- Затворете ги затворачите (10).
За суво всисување треба да вметнете кеса за всисување (11). При употреба на кеса за прав (11) набраниот филтер (12) останува слободен подолго, јачината на всисување се одржува подолго и се олеснува отстранувањето на правот.