Безбедносни напомени за всисувачи
Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
- Овој всисувач не е предвиден за користење од страна на деца и лица со намалени психички, физички или душевни способности или недоволно искуство и знаење. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.
- Не ги оставајте децата без надзор. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со всисувачот.
- Не всисувајте прав настанат при обработка на буково или дабово дрво, камен или азбест. Овие материјали важат за канцерогени.
Всисувачот користете го само доколку имате доволно информации за користењето, за материјалот што се всисува и за негово безбедно отстранување. Деталните инструкции ја намалуваат опасноста од погрешна употреба и повреди.
Всисувачот е наменет за всисување на суви материи, а со соодветни дополнителни мерки и за всисување на течности. Навлегувањето на течности го зголемува ризикот од електричен удар.
- Со всисувачот не всисувајте запаливи или експлозивни течности, на пр. бензин, масло, алкохол, средства за растворање. Не всисувајте жешка, запалива или експлозивна прав. Не го користете всисувачот во простории каде постои опасност од експлозија. Правта, пареата или течностите може да се запалат или да експлодираат.
Конекторот користете го само за целите утврдени во упатството за употреба.
Веднаш исклучете го всисувачот, доколку почне да излегува пена или вода и испразнете го контејнерот. Инаку всисувачот може да се оштети.
- ВНИМАНИЕ! Всисувачот смее да се користи и чува само во внатрешни простории.Навлегувањето на дожд и влага во горниот дел на всисувачот го зголемува ризикот од електричен удар.
- ВНИМАНИЕ! Редовно чистете ги сензорите за ниво на наполнетост на течност и проверете дали се оштетени. Инаку функцијата може да се наруши.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Всисувачот смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на всисувачот.
Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот и внимателно вметнат филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје.
- Пред користењето, проверете дали цревото за всисување е во беспрекорна состојба. При монтирањето на цревото на всисувачот, проверете да не излегува прав. Инаку може да ја вдишете правта.
- Не го чистете всисувачот со директно насочен млаз вода. Навлегувањето на вода во горниот дел од всисувачот го зголемува ризикот од електричен удар.
- Приклучете го всисувачот на прописно заземјена струјна мрежа. Приклучницата и продолжниот кабел мора да имаат функционален заштитен проводник.