Совети при работењето
На средишната ознака (9) од десната и од левата страна на ласерскиот приемник може да ја означите позицијата на ласерскиот зрак, доколку тој поминува низ средината на приемното поле (1).
При обележувањето ласерскиот приемник мора да биде прецизно израмнет вертикално (при хоризонтален ласерски зрак) одн. израмнет хоризонтално (при вертикален ласерски зрак), инаку ознаките ќе се поместат во однос на ласерскиот зрак.
Ласерскиот приемник може да го прицврстите со држачот (23) како и на мерна летва (25) (опрема), како и на други помошни средства со ширина од 65 mm.
Затегнете го држачот (23) со завртката за прицврстување (26) во прифатот (11) на задната страна од ласерскиот приемник.
Олабавете го вртливото копче (24) на држачот, притиснете го истиот на пр. на мерната летва (25) и повторно завртете го вртливото копче (24).
Со помош на либелата (21) можете држачот (23) и со тоа ласерскиот приемник хоризонтално да ги порамните. Навалениот приемник води кон погрешно мерење.
Референтната средишна линија (22) на држачот се наоѓа на истата висина како и средишната ознака (9) и може да се употреби за означување на ласерскиот зрак.