Подесување на хоризонталниот агол на закосување
Поставување на хоризонтални стандардни агли на закосување (види слика J)
За брзо и прецизно подесување на често користени хоризонтални агли на закосување на масата за пила има жлебови (27):
лево | десно |
---|---|
0° | |
45°; 31,6°; 22,5°; 15° | 15°; 22,5°; 31,6°; 45°; 60° |
- Отпуштете го копчето за фиксирање (22), доколку е затегнато.
- Повлечете го лостот (23) и свртете ја масата за пила (17) до саканиот жлеб на левата или десната страна.
- Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се вклопи во жлебот.
- Повторно затегнете го копчето за фиксирање (22).
Поставување на саканите хоризонтални агли на закосување (види слика K)
Хоризонталниот агол на закосување може да се поставува во опсег од 52° (на левата страна) до 60° (на десната страна).
- Отпуштете го копчето за фиксирање (22), доколку е затегнато.
- Повлечете ја рачката (23) и истовремено притиснете ја стегата за фиксирање (21), додека таа не се вклопи во жлебот предвиден за таа намена. Притоа, масата за пила ќе биде слободно подвижна.
- Вртете ја масата за пила (17) со држачот налево или надесно додека агломерот (26) не го покаже саканиот хоризонтален агол на закосување.
- Повторно затегнете го копчето за фиксирање (22).
- За повторно да ја олабавите рачката (23) (за поставување на хоризонтални стандардни агли на закосување), повлечете ја рачката нагоре.
Стегата за фиксирање (21) скокнува назад во првобитната позиција и рачката (23) може повторно да се вклопи во жлебовите (27).