Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
- Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира поради прав, струготини или скршени парчиња од делот што се обработува.
- Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.
- Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во состојба на мирување.
- Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Сопствено всисување (види слика C)
За едноставно собирање на струготините користете ја испорачаната ќеса за прав (37).
- Поставете ја транспортната дршка (3) вертикално.
- Прикачете и свртете ја ќесата за прав (37) во адаптерот за всисување (50), така што пинот на ќесата за прав ќе се вклопи во жлебот на адаптерот за всисување.
За време на сечењето, кесата за прав никогаш не треба да дојде во допир со подвижните делови на уредот.
Редовно празнете ја кесата за прав.
- Проверете ја и исчистете ја ќесата за прав по секоја употреба.
- За да избегнете опасност од пожар, при сечење на алуминиум, извадете ја ќесата за прав.
Надворешно всисување
За всисување, на адаптерот за всисување (50) може да приклучите и црево за всисување на прав (Ø 35 mm).
- Поврзете го со цревото за всисување на прав со адаптерот за всисување (50).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.