Ставање во употреба
За ставање во употреба на електричниот алат прво активирајте ја блокадата при вклучување (2), а потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) и задржете го.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
Напомена: поради безбедносни причини, прекинувачот за вклучување/исклучување (1) не може да се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.
Електричниот алат е опремен со заштита од преоптоварување. Ако оптоварувањето е преголемо, електрониката го исклучува електричниот алат, а работното светло (19) и приказот за статус (21) трепкаат.
Повторно вклучување: отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1). Може да го вклучите електричниот алат одново откако работното светло (19) ќе престане да трепка, а приказот за статус (21) ќе светне зелено.
(види слика D)
Приказот за статус (21) го прикажува статусот на електричниот алат според следнава табела.
Приказ за статус (21) | Причина | Решение |
---|---|---|
Зелена | Електричниот алат е подготвен за работа | – |
Жолта | Се користи батерија со капацитет помал од 8,0 Ah, можна е работа со намалена моќност | Користете батерија со капацитет од најмалку 8,0 Ah |
Батеријата е речиси празна | Заменете ја одн. наполнете ја батеријата | |
Електричниот алат и/или батеријата ја надминале дозволената работна температура | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади, оставете ја батеријата да се олади види Технички податоци | |
Црвено (непрекинато) и LED работното светло трепка | Електричниот алат и/или батеријата ја надминале дозволената работна температура | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади, оставете ја батеријата да се олади види Технички податоци |
Заменете ја батеријата | ||
Електричниот алат работи во опсег на преоптоварување | Сопрете ја состојбата на преоптоварување и ако е потребно, вклучете го електричниот алат повторно; ако треба, извадете ја и повторно вметнете ја батеријата, а потоа вклучете го електричниот алат одново | |
Црвено (непрекинато) | Интерна грешка | Отстранете ја и вметнете ја батеријата повторно, а потоа вклучете го електричниот алат одново |
За таа цел, однесете го електричниот алат до овластена сервисна служба за електрични алати на Bosch | ||
Батеријата е празна | Заменете ја одн. наполнете ја батеријата | |
Дискот за сечење е блокиран | Отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување, извадете го дискот за сечење од делот што се обработува и почнете одново. | |
Црвено трепка, LED работното светло трепка и електричниот алат не се вклучува | Сте го притиснале прекинувачот за вклучување/исклучување при вметнување на батеријата | Отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување и продолжете со вметнување на батеријата. Откако ќе ја вметнете батеријата, затворете го поклопецот на преградата за батерија. Отклучете го прекинувачот за вклучување/исклучување (со притискање на блокадата при вклучување), па потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување кога ќе сакате да го вклучите електричниот алат. |