Ставање во употреба
Вклучување/исклучување (види слика C)
За вклучување на електричниот алат прво притиснете ја блокадата при вклучување (7) на лево. Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8). Потоа притиснете ја блокадата при вклучување (7) повторно на десно.
Контрола на бројот на работни одови
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (8) се постигнуваат мал број на работни одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на работни одови.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови:
- кога го поставувате сечилото на пилата на делот што се обработува за да може попрецизно да го поставите сечилото на пилата,
- при сечење на пластика и алуминиум за да се спречи топење на материјалот.
При подолготрајно работење со мал број на работни одови, електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот алат да работи околу 3 мин. со максимален број на работни одови.