Ставање во употреба
- Прекинувачот за менување на правецот на вртење (7) активирајте го само кога електричниот алат е во мирување.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (7) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (8) е притиснат ова не е возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (7) налево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (7) на десно до крај.
- Прекинувач за избор на брзина (3) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.
- Прекинувачот за избор на брзини секогаш притискајте го до крај. Инаку електричниот алат може да се оштети.
Со прекинувачот за избор на брзини (3) може да изберете 2 брзини.
Позиција на прекинувачот за избор на брзини (3) | Број на вртежи | Вртежен момент | Област на примена |
---|---|---|---|
1 | Ниско | Високо | За тешки задачи: Hа пр. дупчење со чекан со голем дијаметар |
2 | Високо | Ниско | За лесни задачи: Hа пр. дупчење со чекан со мал дијаметар |
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.
Работното светло (6) свети при малку или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (8) и овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.
Работното светло (6) свети неколку секунди по отпуштање на прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (8) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.