Одредување на број на вртежи
Со копчето за претходно избирање на број на вртежи (15) може претходно да го изберете потребниот број на вртежи во 2 степени.
Притискајте го копчето за претходно избирање на бројот на вртежи (15), додека саканата поставка не почне да се сигнализира на приказот за број на вртежи (16). Избраната поставка е зачувана.
Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.
Податоците во приложената табела се препорачани вредности.
Основна поставка за број на вртежи при степен | ||
---|---|---|
1 | 2 | |
[min–1] | [min–1] | |
Број на степени на вртежи | ||
2 (GDR 18V-215) | 0–2100 | 0–3300 |
2 (GDX 18V-285) | 0–2000 | 0–2800 |
Со копчето за претходно избирање на број на вртежи (15) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работата.