Безбедносни напомени за батериски пиштоли за силикон
- По автоматското исклучување на пиштолот за силикон, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
- При работа со батерискиот пиштол за силикон носете лична заштитна опрема, којашто е препорачана од производителот на потрошниот материјал. Напомени за ова ќе најдете на безбедносниот лист на потрошниот материјал. Во секој случај носете заштитни очила и ракавици, коишто се наменети за работа со хемиски супстанци. Во зависност од материјалот, потребни се и дополнителни заштитни мерки.
- Овој електричен алат смее да се користи само за истиснување на заптивни смеси и лепила од комерцијални тубуларни ќеси и патрони. Истиснувањето на други материјали или употребата на специфични системи за пакување е строго забранета.
- При обработка на испарливи или опасни супстанции треба да се внимава работното место да биде доволно проветрено и по потреба да се носи соодветен апарат за дишење.
- Бидете сигурни дека тубуларните ќеси и патроните се со правилната големина за овој електричен алат. Бидете сигурни дека тубуларните ќеси и патроните одговараат за држачот за ќеси и патрони и дека тој е добро прицврстен во електричниот алат. Дури тогаш започнете со притискање на материјалот.
- Никогаш не се обидувајте, да истиснувате материјал од погрешно насочен или затнат патрон.
- За да избегнете опасности поради делови што одлетуваат, бидете сигурни дека електричниот алат никогаш не се употребува со лабаво капаче за затворање. Ако отворот за истекување е блокиран за време на употребата, мора да се замени.
- За време на употребата на електричниот алат никогаш не го насочувајте истиот кон себе или кон други лица.
- При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
- Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
- Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
- Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. |