Совети при работењето
- Електричниот алат со вграден Bluetooth® Low Energy модул GCY 42 е опремен со далечински интерфејс. Треба да се внимава на локалните оперативни ограничувања, на пр. во авиони или болници.
- Во предели каде Bluetooth®-радио технологијата не смее да се користи, мора да се исклучат Bluetooth® Low Energy модулот GCY 42 и копчестата батерија.
Напомена: Капачето (15) може да се затвори само кога Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 и копчестата батерија се наоѓаат во електричниот алат.
- За деактивирање на Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 свртете ја копчестата батерија или ставете изолација помеѓу копчестата батерија и Bluetooth® Low Energy Module GCY 42.
- Затворете го капачето (15), за да спречите влегување нечистотија.
- Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот алат секогаш држете го цврсто со двете дланки поради јачината со која работи и застанете во сигурна положба.
- Исклучете го електричниот алат и олабавете го алатот што се вметнува, доколку се блокира електричниот алат. Доколку вклучите блокиран алат за дупчење настануваат многу моменти на блокирање.
Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните алати без KickBack Control. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за дупчење, тој се исклучува, а приказот брзо исклучување (17) свети во црвена боја и работната светилка (11) трепка. При активирано брзо исклучување приказот статус (20) трепка црвено.
- За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9) и одново притиснете го.