Ставање во употреба
Правта, на пр.минералната прав може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
- Прекинувачот за избор на брзини активирајте го само доколку електричниот алат е во состојба на мирување.
Свртете го прекинувачот за избор на брзина (7) на саканата брзина (1 или 2).
Со прекинувачот за избор на брзини (7) може да изберете 2 брзини.
Брзина 1:
Мал опсег на брзина, голем вртежен момент, максимален дијаметар на корпата за мешање 160 mm
Идеален за обработка на тврди или цврсти материјали
Брзина 2:
Голем опсег на брзини, помал вртежен момент, максимален дијаметар на корпата за мешање 140 mm
Идеален за обработка на лесни или течни материјали
Поставување на бројот на вртежи со прекинувачот за вклучување/исклучување
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (3).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (3) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.
Поставување на бројот на вртежи со вртливото копче за подесување на бројот на вртежи
Саканиот број на вртежи може однапред да се избере и со вртливото копче за подесување на бројот на вртежи (5) (исто така за време на работата).
Потребниот број на вртежи зависи од материјалот што треба да се меша и од условите за работа.
Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните алати без KickBack Control. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за ротација, тој се исклучува.
Брзото исклучување е прикажано со трепкање во црвена боја на LED за KickBack Control (6) на електричниот апарат.
За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување и одново притиснете го.
- Ако функцијата KickBack Control е дефектна, електричниот алат не се вклучува. Поправката на електричниот алат смее се изврши само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови.