Одржување и чистење
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
По секоја употреба темелно исчистете ги отворот за истекување, држачот за патрони, како и Назабена летва со диспензерот за истиснување според спецификациите на производителот на потрошниот материјал. Батеријата и рачката може да се исчистат со влажна крпа.
Пиштолот за силикон не мора да се одржува и не содржи делови, што треба да се менуваат или одржуваат.