Менување на главата за дупчење

Вметнување/вадење на запчестата глава

За да може да работите со алати без SDS plus (на пр. со дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате соодветна глава за дупчење (запчеста или брзозатегнувачка глава за дупчење).

  • Завртете го SDS plus-вратилото за прифат (18) во запчестата глава за дупчење (17). Зацврстете ја запчестата глава за дупчење (17) со безбедносната завртка (16). Внимавајте сигурносната завртка да има лев навој.

  • Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат (18) и малку намастете го.
  • Запчестата глава за дупчење (17) со отворот за прифат (18) ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека самата не се заклучи.
  • Проверете го заклучувањето со повлекување на запчестата глава за дупчење (17).

  • Турнете ја чаурата за заклучување (4) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење (17).