Безбедносни напомени за всисувачи

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Всисувачот користете го само доколку имате доволно информации за користењето, за материјалот што се всисува и за негово безбедно отстранување. Деталните инструкции ја намалуваат опасноста од погрешна употреба и повреди.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Всисувачот е наменет за всисување на суви материи, а со соодветни дополнителни мерки и за всисување на течности. Навлегувањето на течности го зголемува ризикот од електричен удар.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Веднаш исклучете го всисувачот, доколку почне да излегува пена или вода и испразнете го контејнерот. Инаку всисувачот може да се оштети.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот и внимателно вметнат филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.