Ставање во употреба
- Всисувачот не смее да се користи без филтер.
- Користете само неоштетен филтер (без пукнатини, дупчиња итн.). Веднаш заменете го оштетениот филтер.
- Пред всисувањето бидете сигурни дека единицата на филтерот е цврсто монтирана.
- Пред да всисувате проверете дали капакот на преградата за батерии е безбедно затворен.
- Ве молиме информирајте се за важечките одредби/закони во врска со постапувањето со честички прав што се штетни по здравјето.
- Правта од камен всисувајте ја само со експлицитно наведена комбинација на електричен алат и систем за всисување, за што е докажано дека законските ограничувања се испочитувани. Напомените ќе ги најдете на http://www.bosch-professional.com/dust.
Во основа, всисувачот не смее да се користи во простории каде постои опасност од експлозија.
За да се овозможи оптимален капацитет на всисување, мора секогаш целосно да го одвиткате цревото за всисување (13) од држачот на цревото за всисување (27).
Вклучување/исклучување
Завклучување на всисувачот притиснете го копчето за вклучување-исклучување (3).
За исклучување на всисувачот, одново притиснете го копчето за вклучување-исклучување (3).
Поради безбедносни причини всисувачот не се вклучува, ако го држите притиснато копчето за вклучување-исклучување (3) подолго од 5 s.