Ставање во употреба

  • Користете само оригинални Boschлитиум-јонски батерии со напон кој е наведен на спецификационата плочка на Вашиот електричниот алат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар.
  • Наполнетата батерија (32) ставете ја во отворот за батерија на електричниот алат, додека не се заклучи батеријата.

  • За вклучување на електричниот алат најпрво ставете ја блокадата при вклучување (2) на средина и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (65) и држете го притиснат.

Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (65) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.

  • За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (65).

Ако го користите електричниот алат во ЕКО-режим што штеди енергија, времетраењето на батеријата може да се продолжи до 20 %.

Ако ЕКО-режимот е активен, на приказот за степен на вртежи/режимот (49) ќе се прикаже ознаката E. Дополнително свети приказот ЕКО-режим (47).

Корисничкиот интерфејс (3) служи за избирање на бројот на вртежи, како и за прикажување на состојбата на електричниот алат.

Eco-режим и 3 степени на вртежи се претходно поставени.

Со копчето за избор на број на вртежи (48) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работата.

Степен на број на вртежи

Број на вртежи [min-1]

Еко

2550

1

3000

2

3500

3

4000

Приказ за наполнетост на батеријата (Кориснички интерфејс) (46)

Значење/Причина

Решение

Зелено (2 до 5 греди)

Батеријата е полна

Жолто (1 греда)

Батеријата е речиси празна

Наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Црвено (1 греда)

Батеријата е празна

Заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Приказ за температура (52)

Значење/Причина

Решение

жолто

Достигната е критична температура (мотор, електроника, батерија)

Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади

црвено

Електричниот алат е прегреан и се исклучува

Оставете го електричниот алат да се олади

Приказ за статусот на електричниот алат (51)

Значење/Причина

Решение

зелено

Статус OK

жолто

Достигната е критичната температура или батеријата е речиси празна

Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади или наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата

црвено

Електричниот алат е прегреан или батеријата е празна

Оставете да се олади електричниот алат или заменете ја одн. наполнете ја батеријата

трепка црвено

Заштитата од рестартирање е активирана

Исклучете го и повторно вклучете го електричниот алат ев. извадете ја батеријата и повторно ставете ја.

Во поврзување со Bluetooth® Low Energy GCY 42 модулот на располагање ги имате следните Connectivity-функции за електричниот алат:

  • Регистрирање и персонализирање
  • Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување
  • Општи информации и подесувања
  • Управување
  • Поставка на степени на вртежи

За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 прочитајте го соодветното упатство за употреба.

Со користење на Bluetooth®-безжичната технологија може да бидат достапни дополнителни информации на поврзаниот мобилен уред во зависност од приказот Статус на електричниот алат.