Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
- За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) и држете го притиснат.
- За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (5) притиснете го копчето за фиксирање (4).
- За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (4), кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) и потоа отпуштете го.
На ниски температури електричниот алат дури по одреден период го постигнува целосниот капацитет на удари. Ова стартно време може да го скратите, така што алатот што е вметнат во електричниот апарат ќе го притиснете еднаш на подот.
Бројот на удари на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (5).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (5) се постигнува мал број на удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на удари.
Длетото може да го фиксирате во 12 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција.
- Ставете го длетото во прифатот за алат.
- Притиснете го прстенот за подесување на длетото (3) нанапред и со помош на прстенот за подесување (3) свртете го длетото во саканата позиција.
- Отпуштете го прстенот за подесување на длетото (3) и вртете го длетото додека не се вклопи.