Дополнителна рачка
- Користете го Вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (6).
Дополнителната рачка (6) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите.
- Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (6) во правец спротивно на стрелките од часовникот и навалете ја (6) во саканата позиција. Потоа повторно зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка (6) во правец на стрелките од часовникот.