Промена на алат
Со SDS plus прифатот за алат можете едноставно и лесно, без користење на дополнителни алати, да го замените алатот за вметнување.
Капакот за заштита од прав (1) го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот проверете дали капакот за заштита од прав (1) е оштетен.
- Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
Ставање на алатот за вметнување (види слика A)
- Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го.
- Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
- Проверете дали е заклучен со повлекување на алатот.
Вадење на алатот за вметнување (види слика B)
- Турнете ја чаурата за заклучување (2) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење.