Функција на зачувување
Вредноста одн. крајниот резултат на секое завршено мерење автоматски ќе се зачува. Зачувани се последните 30 вредности (мерни вредности или крајни вредности). Доколку меморијата е полна, најстарата вредност ќе се презапише. Најстарата вредност се наоѓа на позиција 1 во меморијата, а најновата вредност на позиција 30 (од 30 расположливи мемориски вредности).
- Притиснете го копчето , за да го отворите менито Функции.
- Изберете ја функцијата на зачувување и потврдете го изборот со копчето .
- Прикажана е последната вредност.
- Притиснете на копчето или копчето , за да прелистувате низ зачуваните вредности.
Горе на екранот ќе се прикаже бројот на зачуваната вредност и лево симболот на соодветната мерна функција. Доколку во меморијата нема вредност, долу на екранот ќе се прикаже „0.000“, а горе „0“.
Бришење на мемориски вредности
- За да ја избришете прикажаната вредност, притиснете го копчето .
- Потврдете со копчето .
За да ги избришете сите зачувани вредности, во менито Основни функции изберете ја точката на менито Бришење на меморија. види Бришење