Полнење на магацинот (види слики A1−A3)
- Извадете ја акумулаторската батерија пред да почнете да го подесувате уредот, да менувате делови од опремата или доколку долго време не сте го користеле електричниот алат. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот алат.
Користете само оригинална Bosch-опрема. Прецизните делови на електричниот алат како магацинот, отворот и каналот за пукање се прилагодени на хефт-иглиците, шајките и клинците на Bosch. Другите производители употребуваат друг квалитет на челик и димензии.
Напомена: Користете ја само муницијата наведена во табелата „Технички податоци“.
Користењето на недозволена муниција може да го оштети електричниот апарат и да предизвика повреди.
За време на полнењето муниција, држете го електричниот алат така што отворот (15) нема да биде насочен ниту кон Вашето тело ниту кон други лица.
- Притиснете го прекинувачот (12) за да го отворите магацинот. Лизгачот на магацинот (17) се продолжува.
- Ставете лента од хефт-иглички во горниот дел од магацинот со врвовите на хефт-игличките насочени нагоре (13).
Напомена: Електронската контрола открива дали има хефт-иглички во магацинот. Ако се притисне осигурувачот за активирање кога магацинот е празен, не се активира процесот на набивање. Така се спречува испукување во празно.
- Повлечете го лизгачот на магацинот (17) до почетокот на магацинот додека не кликне на своето место.
Напомена: Лизгачот на магацинот мора да се врати назад без многу сила (само со силата на прстот). Ако лизгачот на магацинот се заглави, тогаш може: хефт-игличките да не се исфрлат, да се заглават во каналот за исфрлање (види блокада) или да се исфрлат под погрешен агол.