Одржување и чистење

Замена на ножот (види слика A)

Горниот нож (7) и долниот нож (8) се исти, секој од нив има по четири резни острици и можат меѓусебно да се заменат.

Навремено вртете ги одн. менувајте ги ножевите, бидејќи само острите алати за вметнување имаат добар учинок и го чуваат електричниот апарат.

За да го смените горниот нож (7) олабавете ја завртката за прицврстување (6), за да го смените долниот нож (8) завртката за прицврстување (10).

Свртете го ножот за 90° или наместете нов нож. При ставањето на долниот нож (8) внимавајте тој да налегне на завртката за подесување (9).

Напомена: Ножот свртете го само во правецот што е прикажан на сликата A одн. ставете го новиот нож во позицијата што е прикажана на сликата. Доколку погрешно го поставите ножот не е возможно сечење.

Повторно затегнете ја завртката за прицврстување (6) за горниот нож одн. завртката за прицврстување (10) за долниот нож со затезен вртежен момент од 3–4 Nm. Проверете го растојанието меѓу ножевите a како што е погоре опишано.

Горниот нож (7) и долниот нож (8) не смеат дополнително да се острат.