Проверка и подесување на основните поставки

За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.

Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.

Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот, електричниот алат треба да биде приклучен на напојување со струја.

  • Никогаш не го активирајте прекинувачот за вклучување/исклучување за време на подесувањето на ласерот (на пр. при движење на рачката на алатот). Невнимателниот старт на електричниот алат може да доведе до повреди.
  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°. Лостот (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.

Проверка

  • На делот што се обработува нацртајте права линија за сечење.
  • Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (9).
  • Делот што се обработува поставете го на тој начин што запците од сечилото за пила ќе се израмнат со линијата за сечење.
  • Цврсто држете го делот што се обработува во оваа позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
  • Прицврстете го делот за обработка.
  • Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (38).

Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и кога рачката на алатот ќе се води надолу.

Подесување

  • Свртете ја завртката за подесување (53) со соодветен одвртувач, додека ласерскиот зрак не се постави рамно по целата должина на линијата на сечење на делот што се обработува.

Едно вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од десно на лево.

  • Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°. Рачката (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.

Проверка

  • Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за пила (16).

Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (12).

Подесување

  • Олабавете го затезниот лост (39).
  • Притиснете го граничникот (42) сосема наназад.
  • Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (55) со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
  • Завртете ја завртката-граничник навнатре или нанадвор, додека кракот од аголното мерило не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
  • Повторно затегнете го затезниот лост (39).
  • Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничник (55).

Доколку по подесувањето, агломерот (41) не е во линија со 0° ознаката на скалата (40) олабавете ја завртката (54) со обичен крстест одвртувач и насочете го агломерот по должина на 0° ознаката.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°. Лостот (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
  • Свртете го граничникот (29) целосно нанапред.
  • Олабавете го затезниот лост (39).
  • Навалете ја рачката на алатот на дршката (9) налево, додека завртката-граничник (56) не налегне на граничникот (29).

Проверка

  • Поставете го аголното мерило 45° и ставете го на масата за пила (16).

Кракот на аголното мерило мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (12).

Подесување (види слика X)

  • Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (56) со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
  • Завртете ја завртката-граничник навнатре или нанадвор, додека кракот од аголното мерило не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
  • Повторно затегнете го затезниот лост (39).
  • Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничник (56).

Доколку агломерот (41) по подесувањето не е во иста линија со 45° ознаката на скалата (40), најпрво проверете ја повторно 0° поставката за вертикалниот агол на закосување и агломерот. Потоа повторете го подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°. Рачката (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.

Проверка

  • Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка (14) и сечилото за пила (12) на масата за пила (16).

Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (12).

Подесување

  • Олабавете ги сите четири завртки за подесување (58) со крстест одвртувач и свртете ја масата за пила (16) заедно со скалата (18), додека кракот на агломерот не лежи рамно по целата должина на сечилото за пила.
  • Повторно затегнете ги завртките.

Доколку по подесувањето агломерот (24) не е во линија со 0° ознаката на скалата (18), олабавете ја завртката (57) со обичен крстест одвртувач и насочете го агломерот по должина на 0° ознаката.