Транспортен осигурувач (види слика A)
Транспортниот осигурувач (36) Ви овозможува лесно ракување со електричниот алат при транспорт на различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна позиција)
- Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (9), за да го ослободи транспортниот осигурувач (36).
- Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот осигурувач (36).
- Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за транспорт)
- Олабавете ја завртката за фиксирање (32), ако го заглавува механизмот за влечење (1). Извлечете го кракот на алатот целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за фиксирање за блокирање на механизмот за влечење.
- Извлечете го граничникот за длабочина (31) нагоре.
- За фиксирање на масата за сечење (16) затегнете го копчето за фиксирање (21).
- Повлечете го кракот на алатот на рачката (9) надолу, додека транспортниот осигурувач (36) целосно не се притисне навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.