Ставање во употреба
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (13) изберете го начинот на работа на електричниот алат.
- За да го промените начинот на работа, притиснете го копчето за отклучување (12) и свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (13) во саканата позиција додека не слушнете дека се вклопил.
Напомена: Променете го режимот на работа само доколку електричниот алат е исклучен! Инаку електричниот алат може да се оштети.
Позиција за ударно дупчење во бетон или камен
Позиција за Дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за Завртување
Позиција Vario-Lock за подесување на позицијата на длетото
Во оваа позиција, прекинувачот за запирање на удари/вртежи (13)не се вклопува.
Позиција за Длетување
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (8) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (10) е притиснат ова не е возможно.
- Прекинувачот за менување на правецот на вртење (8) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.
Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
| |
|
Напомена: доколку прекинувачот за правец на вртење стои во средна позиција прекинувачот за вклучување/исклучување е блокиран.
- За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (10).
Работното светло (14) при малку или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (10) овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.
При првото вклучување на електричниот алат може да дојде до одложување на стартот на алатот.
На ниски температури електричниот апарат дури по одреден период го постигнува целосниот капацитет на удари.
- За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10).
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (10).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (10) се постигнува мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.
Длетото може да го фиксирате во 36 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција.
- Ставете го длетото во прифатот за алат.
- Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (13) во позиција „Vario-Lock“.
- Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција за длетување.
- Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (13) во позиција „Длетување“. Со тоа, прифатот за алат ќе се фиксира.
- Поставете го правецот на вртење за длетување на десен тек.