Ставање во употреба

  • Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.

За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (1).

За исклучување на електричниот алат повторно притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (1).

Со копчето за подесување на бројот на осцилации (5) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.

1–2

низок број на осцилации

3–4

среден број на осцилации

5–6

висок број на осцилации

Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.

Константната електроника одржува постојан број на осцилации при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.

По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При големо оптоварување или пречекорување на дозволената температура на батеријата електрониката го исклучува електричниот алат, додека не се врати во оптималните граници на температура.

Место на поставување

Примена

Абразиви

Степен на број на вртежи

Основна брусна плоча
80 x 130 mm

  • Брусење на површини и аголни површини
  • Брусење на засеци на прозорци и врати
  • Брусење на стари бои и лакови
  • Брусење на дрво
  • Брусење на масивно дрво и рабови на фурнир

Грубо брусење

P40–P180

4–6

Фино брусење

P220–P400

1–3

Основна брусна плоча
100 x 110 mm

  • Брусење на површини и аголни површини
  • Брусење на засеци на прозорци и врати
  • Брусење на стари бои и лакови
  • Брусење на дрво

Грубо брусење

P40–P180

4–6

Фино брусење

P220–P400

1–3

Основна брусна плоча
100 x 150 mm

  • Брусење на ламели
  • Брусење на засеци и профили
  • Отстранување материјал на мали површини со агли, заоблени делови и рабови
  • Брусење на стари бои и лакови
  • Брусење на дрво

Грубо брусење

P40–P180

4–6

Фино брусење

P220–P400

1–3