Безбедносни предупредувања за дијамантска дупчалка
- При дупчење за кое е потребно да се користи вода, насочете ја водата подалеку од работната површина на операторот, или користете уред за собирање на течност. Ваквите мерки на претпазливост ја одржуваат работната површина на операторот сува, и го намалуваат ризикот од струен удар.
- Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
- Носете штитници за уши при дијамантско дупчење. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.
- Кога бургијата е заглавена, престанете со притискање надолу и исклучете го алатот. Извршете проверки и поправки за да ја елиминирате причината за заглавување на бургијата.
- При навлегување на дијамантската дупчалка во делот што се обработува, проверете дали бургијата слободно се врти пред да започнете со дупчење. Ако бургијата е заглавена, може да не започне со работа, може да го преоптовари алатот, и може дијамантската дупчалка да се извади од делот што се обработува.
- При прицврстување на столната дупчалка, со прицврстувачи и спојници за делот што се обработува, уверете се дека прицврстувачите можат да ја држат машината за време на работењето. Ако делот што се обработува е мек и порозен, прицврстувачот може да се извади, а со тоа да излезе и дупчалката од делот што се обработува.
- При прицврстување на столната дупчалка со вакуумска подлога за делот што се обработува, инсталирајте ја подлогата на мазна, чиста и непорозна површина. Не прицврстувајте на ламинирани површини, како на пр. плочки и композитни слоеви. Ако делот што се обработува не е мазен, рамен или добро прицврстен, подлогата може да се помести.
- Уверете се дека има доволно вакуум, пред и за време на дупчењето. Ако нема доволно вакуум, подлогата може да се извади од делот што се обработува.
- Никогаш не дупчете доколку машината е прицврстена само со вакуумска подлога, освен при надолно дупчење. Ако има недостаток на вакуум, подлогата ќе излезе од делот што се обработува.
- При дупчење низ ѕидови или тавани, заштитете ги луѓето околу работната површина. Бургијата може да навлезе низ дупката, и средината од делот што се обработува може да падне на другата страна.
- Не го користете овој алат за плафонско дупчење каде што има вода. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
-
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување и може да предизвика електричен удар.
- Носете чевли што не се лизгаат. На тој начин ќе избегнете повреди, коишто може да настанат при лизгање на мазни површини.
- Никогаш не го користете електричниот алат без испорачаниот заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD).
- Пред секој почеток на работата проверете го правилното функционирање на заштитниот прекинувач за диференцијална струја (PRCD). Оштетениот заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD) нека се поправи или замени од сервисна служба на Bosch.
- Обрнете внимание дека ниту лицата во работниот простор, ниту електричниот алат не доаѓаат во допир со водата што излегува.
- Не го оставајте настрана алатот, доколку не е целосно во состојба на мирување. Електричните алати кои не се во состојба на мирување може да предизвикаат повреди.
- Пред да ја ставите дупчалката, правилно монтирајте го сталакот за дупчалка. Правилната монтажа е важна, за да се овозможи беспрекорна функција.
- Прицврстете ја дупчалката на сталакот, пред да почнете да ја користите. Испаѓањето на машината од сталакот може да доведе до губење на контролата.
- Прицврстете го сталакот на дупчалката на цврста, рамна површина. Доколку постои можност сталакот на дупчалката да се помести или ниша, сталакот на дупчалката не може да се води рамномерно и безбедно.
- Држете го приклучниот кабел на дупчалката подалеку од работното поле. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
- Не го оптоварувајте сталакот на дупчалката и не ја користете како скали или скеле. Преоптоварувањето или стоењето на сталакот на дупчалката може да доведе до тоа, тежиштето на сталакот на дупчалката да се помести нагоре и тој да се преврти.
- Сталаците за дупчалка кои не ги користите чувајте ги подалеку од дофат на деца. Уредот не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Уредите се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
- Пред да почнете со работа со сталакот за дупчалка или дупчалката, во работните паузи, како и во периодот кога не го употребувате сталакот за дупчалка, прицврстете го со затегнување на сопирачката за фиксирање заради заштита од ненамерно движење.
- Електричниот алат смее да се користи само на струјни мрежи со заштитни спроводници и доволно димензионирање.
- При работа секогаш прицврстувајте го стaлакот за дупчење со типли или вакуум (опрема), за да избегнете превртување на сталакот за дупчење при поставена дијамантска дупчалка и крунеста бургија.
- Внимавајте цревата што спроведуваат вода, местата на спојување и прстенот за собирање на вода (опрема) да бидат во беспрекорна состојба. Пред следната употреба, заменете ги оштетените или изабени делови. Излегувањето на вода од деловите на електричниот алат го зголемува ризикот од електричен удар.
- Приклучете го електричниот уред на прописно заземјена струјна мрежа. Приклучницата и продолжниот кабел мора да имаат функционален заштитен проводник.