Приклучување на систем за ладење на вода/всисување на прав
Доколку крунестите бургии за мокро/суво дупчење не се ладат доволно за време на дупчењето, дијамантските сегменти може да се оштетат, или крунестата бургија може да се блокира во дупката. Затоа, при мокро дупчење овозможете доволно ладење на водата, а при суво дупчење функционално всисување на прав.
При зголемување на постоечката дупка, таа мора внимателно да се затвори, за да се овозможи беспрекорно ладење на крунестата бургија.
- Приклучените црева, запорните вентили или опрема не смеат да го попречуваат процесот на дупчење.
Поставете го адаптерот за приклучокот за вода (12) на канџестата спојка (6) и свртете го до крај во правец на стрелките на часовникот.
Затворете ја запорната славина за вода (10). Приклучете цевка за довод на вода на приклучниот елемент на славината (11). Приклучувањето на цевката за довод на вода е возможно од мобилен сад за вода под притисок (опрема) или од стационарен приклучок за вода.
За да ја соберете водата што излегува од дупката при мокро дупчење, употребете прстен за собирање на вода и всисувач за мокро/суво всисување (двете ќе ги најдете како опрема).
Прстенот за собирање на вода види Опрема/резервни делови е предвиден за користење со сталак за дијамантска дупчалка GCR 180 и дијамантската дупчалка GDB 180 WE.
Исечете еден отвор во саканиот дијаметар на дупчење во заптивниот поклопец.
Вметнете ја затегнувачката пружина (33) до крај во процепот меѓу подната плоча (25) и столбот на дупчалката (20). Внимавајте свитканиот дел на затегнувачката пружина да покажува надолу.
Поставете го прстенот за собирање на вода и легнете ја затегнувачката пружина на потпорните точки на прстенот за собирање на вода. (Окцата на краевите на затегнувачката пружина служат за влечење на истата нагоре.)
Со помош на затегнувачката сила на пружината прстенот за собирање на вода со неговиот дихтунг ќе се притиснат на подлогата и ќе го спречат протекувањето на вода со вакуумот на всисувачот за мокро/суво всисување.
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
Поставете го адаптерот за всисување (13) на канџестата спојка (6) и свртете го до крај во правец на стрелките на часовникот.
Ставете го цревото за всисување (15) од всисувачот за мокро/суво всисување види Опрема/резервни делови коешто е прилагодено и препорачано за овој систем на млазниците за всисување (14).