Ставање/менување на крунестата бургија
- Пред да почнете со работа со сталакот за дупчалка или дупчалката, во работните паузи, како и во периодот кога не го употребувате сталакот за дупчалка, прицврстете го со затегнување на сопирачката за фиксирање заради заштита од ненамерно движење.
- Пред да ги употребите, проверете ги крунестите бургии. Користете само беспрекорни крунести бургии. Оштетените или деформираните круни за дупчење може да доведат до опасни ситуации.
Пред да ја ставите, исчистете ја крунестата бургија. Подмачкајте го малку навојот на крунестата бургија или испрскајте го со средство за заштита од корозија.
Навртете 1 1/4"-UNC-крунеста бургија (8) на вретеното за дупчење (7).
- Проверете дали е крунестата бургија е цврсто вметната. Доколку круните за дупчење се погрешно или не се сигурно зацврстени, може да се олабават за време на работењето и да предизвикаат опасност.
- При менувањето на крунестата бургија носете заштитни ракавици. При подолготрајна употреба, круната за дупчење може да се вжешти.
Олабавете ја крунестата бургија (8) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 41 mm). Притоа, со друг вилушкаст клуч (ширина на клучот 32 mm) држете го вториот раб на вретеното за дупчење (7) во спротивен правец.