Наменета употреба
Пренослива дијамантска дупчалка GDB 180 WE + GCR 180
Дијамантска дупчалка
Електричниот алат е наменет за мокро дупчење во бетон и армиран бетон, со крунести бургии за мокро дупчење и довод за вода. Електричниот алат може да се комбинира со уред за всисување (прстен за собирање на вода и всисувач за суво/мокро всисување).
Електричниот алат е наменет за суво дупчење во цигли, песочник, гас-бетон и плочки.
Електричниот алат смее да се користи само во комбинација со сталак за дијамантска дупчалка GCR 180. Не е дозволено работење над главата.
Сталак за дијамантска дупчалка
Сталакот за дијамантска дупчалка е наменет за прифат на Bosch-дијамантски дупчалки GDB 180 WE. Не смеете да ставате други уреди.
Сталакот за дијамантска дупчалка може да се постави на подот или на ѕид со помош на типла.
Сталакот на дијамантската дупчалка може да се монтира со помош на вакуум (опрема) на подот или (со дополнителен елемент за прицврстување) на ѕид. Не е дозволено прицврстување на плафон.