Совети при работењето

Напомена: Капачето (15) може да се затвори само кога Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 и копчестата батерија се наоѓаат во електричниот алат.

  • Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот алат секогаш држете го цврсто со двете дланки поради јачината со која работи и застанете во сигурна положба.
  • Исклучете го електричниот алат и олабавете го алатот што се вметнува, доколку се блокира електричниот алат. Доколку вклучите блокиран алат за дупчење настануваат многу моменти на блокирање.

Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните алати без KickBack Control. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за дупчење, тој се исклучува, а приказот Брзо исклучување (17) свети во црвена боја и работната светилка (11) трепка. При активирано брзо исклучување приказот Статус (20) трепка црвено.

  • За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9) и одново притиснете го.

EPC ви помага при дупчење и работење со удари во чувствителни материјали со постепено зголемување на бројот на работни вртежи за прецизна работа.

За подобра контрола и прецизно поставување, електричниот алат започнува со мал број на вртежи и потоа се зголемува до поставениот број на вртежи.
Електронската контрола на бројот на вртежи автоматски се активира при поставување на електричниот алат.

Вградената амортизација за вибрации ги намалува вибрациите кои настануваат во текот на работењето.

  • Не го употребувајте електричниот апарат, доколку е оштетен елементот за придушување.