Менување на брусните листови
Пред да ставите ново брусно сечило, отстранете ги нечистотијата и правта од брусната плоча , на пр. со четкичка.
За овозможување на оптимално всисување на прав, внимавајте на тоа, отворите на брусното сечило да одговараат со отворите на основната брусна плоча.
Брусни листови со леплива лента (види слика B)
Ако брусната плоча е опремена со леплива лента, брусните листови можете брзо и едноставно да ги прицврстите со лепливата лента.
Истресете ја леплива лента од брусната плоча пред да ја наместите на брусниот лист (17), за да овозможите добро слепување.
Брусниот лист (17) ставете го израмнето на едната страна од брусната плоча , потоа поставете го брусниот лист на брусната плоча и притиснете го добро.
За вадење на брусниот лист (17) фатете го за врвот и извлечете го од брусната плоча .