Ставање во употреба

Поставете го прстенот за подесување на претходното избирање на вртежен момент (2) на ознаката „Дупчење“.

  • Прекинувачот за менување на правецот на вртење (6) активирајте го само кога електричниот алат е во мирување.

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (6) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е возможно.

Десен тек: За дупчење и завртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (6) налево до крај.

Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (6) на десно до крај.

  • Прекинувач за избор на брзина (3) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.
  • Прекинувачот за избор на брзини секогаш притискајте го до крај. Инаку електричниот алат може да се оштети.

Со прекинувачот за избор на брзини (3) може да изберете 2 брзини.

Позиција на прекинувачот за избор на брзини (3)

Број на вртежи

Вртежен момент

Област на примена

1

Ниско

Високо

За тешки задачи:

на пр. дупчење со чекан со голем дијаметар

2

Високо

Ниско

За лесни задачи:

на пр. дупчење со чекан со мал дијаметар

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) и држете го притиснат.

Работното светло (9) свети при малку или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (7) и овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.

Работното светло (9) свети околу 10 секунди по отпуштање на прекинувачот за вклучување/исклучување (7).

Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (7).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (7) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.