Промена на алат (види слика A)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (12) не е притиснат, вретеното за дупчење ќе се фиксира. Ова овозможува брзо, лесно и едноставно менување на алатот што се вметнува во главата за дупчење.
Отворете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (2) со вртење во правец ➊, додека не се стави алатот. Вметнете го алатот.
Брзозатегнувачката глава за дупчење (2) свртете ја цврсто со рака во правец ➋, додека не слушнете како кликнува. Со тоа, главата автоматски се заклучува.
Блокадата се отклучува, откако ќе ја свртите чаурата во спротивен правец за да го извадите алатот.
При користење на битови за одвртувачот секогаш треба да користите универзален држач за битови .