Ставање во употреба

Работното светло (10) овозможува осветлување на местото на завртување при неповолни светлосни услови. Работното светло го вклучувате (10) со лесно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (12). Доколку го притиснете посилно прекинувачот за вклучување/исклучување, ќе се вклучи електричниот алат, а работното светло и понатаму свети.

  • Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (11) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (12) е притиснат ова не е возможно.

Десен тек: За дупчење и завртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (11) налево до крај.

Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (11) на десно до крај.

Дупчење

GSR 18V-65
Поставете го прстенот за подесување во претходно избраниот вртежен момент (3) на ознаката „Дупчење“.

GSB 18V-65
Поставете го прстенот за претходно подесување на видот на режим (4) на ознаката „Дупчење“.

Завртување

GSR 18V-65
Поставете го прстенот за подесување во претходно избраниот вртежен момент (3) на саканиот вртежен момент.

GSB 18V-65
Поставете го прстенот за претходно подесување на видот на режим (4) на ознаката „Завртување“.
Поставете го прстенот во претходно избраниот вртежен момент (3) на саканиот вртежен момент.

Ударно дупчење

GSB 18V-65
Поставете го прстенот за претходно подесување на видот на режим (4) на ознаката „Ударно дупчење“.

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (12) и држете го притиснат.

LED светилката (10) свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (12) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (12).

Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (12).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (12) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.

Со прстенот за подесување на вртежниот момент (3) може да го изберете потребниот вртежен момент во 20 степени. Штом ќе се постигне вртежниот момент, алатот за вметнување запира.

  • Прекинувач за избор на брзина (5) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.

Брзина 1:

Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар на дупчење или за навртување.

Брзина 2:

Висок опсег на вртежи; за работење со мал дијаметар на дупчење.

  • Прекинувачот за избор на брзини секогаш притискајте го до крај. Инаку електричниот алат може да се оштети.

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При големо оптоварување или работење надвор од дозволениот опсегот на работна температура се намалува бројот на вртежи. Дури по постигнувањето на дозволената работна температура, електричниот алат повторно работи со полн број на вртежи.

Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (12) не е притиснат, вретеното за дупчење и прифатот на алатот ќе се фиксира (1).

Ова овозможува навртување на завртки и при испразнета батерија (7) одн. користење на електричниот алат како одвртувач.

Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните алати без KickBack Control. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за дупчење, тој се исклучува.

Брзото исклучување е означено со трепкање на работното светло (10) и копчето „KickBack Control“ (9) на електричниот алат што свети црвено.

За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување и одново притиснете го.

  • Ако функцијата KickBack Control е дефектна, електричниот алат не се вклучува. Поправката на електричниот алат смее се изврши само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови.

Брзото исклучување може да се деактивира со копчето „KickBack Control“ (9). Доколку електричниот алат не се користи повеќе од 5 минути или се извади акумулаторската батерија, автоматски се вклучува брзото исклучување. Тековниот статус се прикажува со LED на копчето „KickBack Control“ (9).

Приказ за статусот на KickBack Control (9)

Значење/причина

Решение

зелена

KickBack Control е вклучена

жолта

KickBack Control е исклучена

Притиснете го копчето „KickBack Control“

црвена

Брзото исклучување е активирано

Исклучете и повторно вклучете го електричниот алат