Монтирање на окцето за прав и продолжетокот (види слики E)
Во зависност од дијаметарот на дупчење мора да се замени окцето за прав:
- Окце за прав (3) за дупки со дијаметар 4–16 mm
- Окце за прав (2) за дупки со дијаметар 16–28 mm
Дополнително, мора да го замените окцето за прав, ако на површината за поставување на ѕидот има значителни траги од абење и поради тоа при всисување не се чисти правта со четката за всисување.
Вадење на окцето за прав:
- Притиснете го копчето за отклучување (14) и извлечете го окцето за прав нагоре од држачот.
Монтирање на окцето за прав:
- Вметнете го новото окце за прав од горе во држачот, додека не слушнете да се вклопи копчето за отклучување (14).
Продолжетокот (1) се користи доколку бургијата е со вкупна должина од 165−265 mm.
- Монтирајте и извадете го продолжетокот (1) во согласност со монтажата/вадењето на окцето за прав.