Безбедносни напомени за дувалката
- Не дувајте материјали штетни по здравјето, на пр. прав од буково или дабово дрво, камен, азбест. Овие материјали важат за канцерогени.
- Не дувајте течности. Навлегувањето на течности го зголемува ризикот од електричен удар.
- Внимавајте лицата кои се во близина да не бидат повредени од исфрлените парчиња од производот.
- За време на работата држете ги прстите подалеку од отворите на електричниот апарат. Користете ја дувалката само со приклучена млазница. Ротирачката дувалка може да Ве повреди.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Не ги оставајте децата да го користат електричниот алат без надзор. Тие може да се повредат.
Носете дополнителна заштитна опрема како заштитни очила и заштитна маска за дишење. Со носењето на заштитна опрема за соодветните работни услови се намалува изложеноста на опасни супстанци.
- При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
- Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
- Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
- Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. |