Функција на зачувување

Вредноста одн. крајниот резултат на секое завршено мерење автоматски ќе се зачува. Зачувани се последните 10 вредности (мерни вредности или крајни вредности). Доколку меморијата е полна, најстарата вредност ќе се презапише. Најстарата вредност се наоѓа на позиција 1 во меморијата, а најновата вредност на позиција 10 (од 10 расположливи мемориски вредности).

  1. Притиснете го копчето  додека на екранот (1) не се појави приказот за мемориски вредности  во редот (g).
  2. Прикажана е последната вредност.
  3. Притиснете на копчето  или копчето , за да прелистувате низ зачуваните вредности.

Бројот на мемориската вредност се прикажува горе лево, со симболот на соодветната мерна функција подолу и соодветната мемориска вредност долу. Доколку во меморијата нема вредност, долу на екранот ќе се прикаже „0.000“, а горе „0“.

Бришење на мемориски вредности

  1. За да ја избришете прикажаната вредност, притиснете го копчето .
Доколку мерниот уред се исклучи за време на зачувувањето, ќе се избрише меморираната вредност прикажана на екранот.